Башкими и Вардар ремизираа во Куманово, Струга изби на врвот, резултатски кризи за Шкупи, Пелистер и Работнички

ФОТО: ФК Башкими

Комплетирано осмото коло во Првата македонска фудбалска лига, а ова рунда ја продлабочи резултатската криза кај Шкупи кој има осум порази од толку натпревари, кај Пелистер кој има пет порази во низа, но и кај Работнички кој се има три последователни порази.

Тиквеш со 2:1 на домашен терен триумфираше над Македонија ЃП, со што тимот од Кавадарци стигна до своето второ славје, а пак „лавовите“ запишаа петти сезонски пораз.

Арсими обезбеди домашна победа над „фенерџијата“ Шкупи од убедливи 4:2 со што дебитантот од Чегране на своето конто има осум бодови, а пак тимот од Чаир од коло во коло само ја продлабочува резултатската криза и останува „закован“ на дното од табелата како единствен тим без освоени бодови.

Силекс нанижа трет пораз во низа, откако кратовскиот тим загуби на гостување во Тетово од шампионот Шкендија со 2:0. Сега Силекс е четврти со 15 бодови на своето конто, а пак Шкендија се израмни на второто место со Вардар со по 20 бодови.

Работнички е далеку од тоа што го играше минатата сезона, а во осмото коло ја загуби голеадата од Брера Струмица на домашен терен со 3:4, па така струмичкиот тим забележа трета сезонска победа и со 11 бодови на своето конто значително побегна од опасната зона и се проби во средишниот дел.

„Романтичарите“ со три порази во низа за вкупно шесто, со едно реми и една победа имаат четири бодови и се претпоследна на табелата.

Пелистер влезе во длабока резултатска криза откако нанижа пет порази во низа, а последниот беше на гостување кај Струга Трим Лум, каде битолчани загубија со 2:0.

Стружани сега се осамени на врвот од табелата, а Пелистер е во опасната зона за испаѓање во Втора лига.

Единствениот меч од осмото коло кој заврши без погодоци беше тој во Куманово, каде Башкими и Вардар ремизираа играјќи 0:0.

Натпреварот го одбележа инцидентот со еден млад навивач на башкими кој падна од трибината на теренот, но веднаш од ФК Башкими информираа дека е во добра здравствена состојба, откако раководството на кумановскиот прволигаш го посетија во болница.

—- ОД ТУКА ДО КРАЈ ТАБЕЛАТА

Во однос на самата табела Струга е на врвот во 22 бодови, а потоа следува Вардар и Шкендија за делба на второто место со по 20 бодови.

Силекс сега е четврти со 15 бодови, а бод помалку има Башкими кој е петти на табелата. Двоцифрен број на бодови има и Брера Струмица, која има 11 бодови за шесто место на табелата, а пак Македонија ЃП е на седмото место со девет бодови.

Во бараж зоната за опстанок е Арсими и Тиквеш со по осум бодови, Пелистер е десетти со шест бодови, Работнички е претпоследен со четири бодови, а на дното без бодови е Шкупи.

Александар Ванев, М-Нет