Баскет Кам од Каменица ја дели првата позиција на табелата со Вардар во прва лига – жени

Присуството на коронавирусот предизвика сериозни проблеми и во календарот за натпреварување во Првата лига-жени. Оттука, само два од предвидените шест натпревари се одиграа овој викенд во женска сениорска конкуренција. Важна победа која ги носи на делбата на првата позиција во групата Исток, забележаа кошаркарките на Баскет Кам од Македонска Каменица. Кои беа доста подобри од МЗТ Скопје Аеродром, славеа со убедливи (87:65), за максимален ефект. Три победи во три натпревари, скор кој што претходно го има(ше) и екипата на Вардар. Веднаш зад водечкиот двоец се кошаркарките на Крива Паланка кои во овој шести круг од натпреварите беа пресилни за новакот во ова друштво, КК Куманово (114:37). За ефект од две победи еден пораз во досега одиграните мечеви во Првата лига категорија жени.