
Идната година започнува проектот изградбата на гасовод меѓу Северна Македонија и Грција, со кои ќе се обезбедат дополнителни количини природен гас. . Ова e клучен проект за енергетски – економски развој на нашата држава. Продолжува и изградбата на магистрални гасоводи низ целата држава, со засилено темпо.
„Минатата недела се направи заеднички инспекциски надзор врз правното лице „САНС-АГ“ коешто е лоцирано на место викано Пенуш во Штип, и до Државниот инспекторат за животна средина стигнало преставка за испуштање на енормни емисии во амбиенталниот воздух. Минатата недела државниот инспекторат утвради дека самата инсталација на работи подолг период, т.е. последно работела во февруари оваа година и дека заради ковид кризата нема да работи цела година.“ – ни кажа Тоше Ѓорѓиевски, раководите на сектор за инспекциски надзор Штип.
Вонредниот надзор е извршен за да се утврди влијанието врз лицата што престојуваат во воените објекти стрелиште Пенуш и полигонот Криволак. Сеуште нема официјален одговор доставен до секторот за инспекциски надзор во Општина Штип, и покрај тоа што Државниот инспекторат за животна средина веќе го објави исходот од вонредниот инспекциски надзор на својата страна.
„По добивањето на официјалниот записник од Државниот инспекторат, Општина Штип, ќе преземе вонреден инспекциски надзор на лице место и со однос на тоа што ќе биде установено ќе даде насоки на одделението на животна средина за одземање или деактивирање на одредената дозвола – истакна Ѓорѓиевски.
Од Државниот инспекторат за животна средина информираат дека управителот на објектот истакнал дека на локацијата на која се врши складирањето на суровини и отпад е во процес на легализација.
Лаура Стојанова М-Нет