
Баже Милев е новиот началник на Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип. Тој доаѓа на местото на досегашниот началник Игор Јаковлевски, кој ја извршуваше функцијата во изминатиот период.
Со оваа кадровска промена, Милев ја презема раководната позиција во СВР Штип и ќе биде одговорен за координација на работата на секторот и спроведувањето на надлежностите во областа на безбедноста. Од него се очекува да придонесе ефикасно функционирање на секторот, како и за одржување на јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.
Неговото назначување е дел од кадровските промени во Министерството за внатрешни работи. Милев веќе ја презеде функцијата и во наредниот период ќе раководи со СВР Штип.
Иван Митев, М-Нет