
Над 2000 жители на Македонска Каменица досега учествувале во хуманитарната акција за спасување на животот на младиот рудар кој боледува од карцином. Санде Цековски по две операции заглави во болнички кревет во Аџибадем Систина.Лекувањето е прескапо и никако да се соберат околу 2 милиони и тристаилајди денари за да се плати за сите досегашни интервенции.Неговата волја за живот е силна ,како што се силни желбите за негово целосно оздравување на сите што го познаваат. Малиот рударски град се сплоти во намерата да му се помогне на нивниот сограганин, но средтвата им се ограничени. Секој денар е добредојден и секој повик на телефонските броеви за донација е благословен велат организаторите на оваа хуманитарна акција кои денонокно работат посветено се со цел да се собере денар повеќе и Санде конечно да се врати дома откако ќе се платат скапите болнички сметки.
Маре Стојилова М нет
Дарко Лазев М нет