Пандемијата ја зголемува побарувачката на марихуана приведен уште еден дилер

Полицијата  го уништи нелегалниот насад со марихуна  во пластеник лоциран во близина на куката на дедо Лјубе од с.Којково. На јавноста  од поодамна познат како човекот кој сам се бранеше од крадци и притоа смртно застрела еден од нив. По приведувањето на  еден од внуците на дедо Љубе кој е дел од седумнината притворени дилери на дрога марихуана, денес е приведен уште еден  дилер од Велес за кој полицијата има сознанија дека е дел од споменатат мрежа. Во станот на 26 годишниот дилер  е пронајден еден килограм и триста грама марихуана и еден грам хашиш. За поврзаноста на дилерската функционална мрежа помегу Злетово и Велес  се  сомнева и населението  од овој крај. Не сакајќи јавно да говорат пред камера дел од  жителите на Злетово и с.Гајранци  изнесуваат низа факти за збиднувања кои опфаќаат продажба на фармацефтски производи. По запленувањето на оружјето и марихуаната, жителите ја информираат полицијата за уште едена пракса на дел од дилерската мрежа. Внукот на дедо Љубе  бил познат и како продавач на лекарства во форма на таблети  по цена од 25 до 50 евра за десет парчиња кои наводно имале  моќ да ги излечат и заболените од карцином. Полицијата бара примероци од  чудотворниоте лекарства  со цел да ја испита нивната содржина.

М аре Стојилова М нет

Дарко Лазев М нет