Андреа Митиќ ја продолжи соработката со ОК Младост УГД од Штип

Уште една одбојкарка ја продолжи соработката со Младост УГД, откако Андреа Митиќ ја продолжи соработката со штипскиот клуб и за сезона 2026/2027.

Младата Митиќ настапува на позицијата среден блокер, се работи за играч кој израсна во школата на Младост УГД и со својот развој заслужено стигна до репрезентативниот дрес на Македонија. Митиќ беше најмладиот член повикан во сениорската репрезентација на Македонија.

„За нас, ова е најдобра потврда за вложувањето на клубот во нејзиниот развој, но пред сè и доказ за нејзиниот талент, капацитет и потенцијал. Токму тоа е патот по кој сакаме да продолжиме – да создаваме свои играчи, да им даваме вистинска шанса и постепено да ги градиме за највисоко ниво“, велат од клубот.

Прехтодно, штипјанки ја продолжија соработката со Сара Стојанвоа, Мила Вакувска, Анастасија Петрушева и Стефанија Кипријановска.

Александар Ванев, М-Нет