
Младата и талентирана пејачка Ангела Илиевска, која го освои првото место на натпреварот „Балкански ковер таленти“, го претстави својот нов музички проект насловен „Лето е“.
Станува збор за песна во која Илиевска вложила многу љубов, емоција и посветеност, со желба таа да стане дел од најубавите летни моменти на публиката.
„Ова е нашиот омилен хит“, се пее во песната, а Ангела се надева дека овие стихови ќе станат реалност и дека „Лето е“ ќе биде песна која публиката ќе ја слуша, пее и споделува.
Пејачката упати искрена благодарност до сите кои биле дел од создавањето и реализацијата на новиот музички проект, како и до медиумите и музичките портали за поддршката.
Посебна благодарност Ангела упати и до својата публика, која, како што вели, секогаш е нејзината најголема инспирација.
Со „Лето е“, Илиевска продолжува по својот музички пат, по успешниот настап на „Балкански ковер таленти“, каде што стигна до првото место.
Таа се надева дека новата песна ќе донесе убави емоции, позитивна енергија и ќе биде едно од музичките обележја на ова лето.