
Работнички без работа, без исплатена опремнина и испратнина која ги следува, денес Кристина Ампева вели дека во период од први мај минатата година до денес здружението дало бесплатна правна помош на 5369 работници, од кои 90% се од приватниот сектор. Посочува дека претежно се работи за текстилни работнички од Источниот регион.
„Во период од први мај 2023 до денес 2024, здружението даде бесплатна првана помош на 5369 работници, од кои што над 90% беа од приватниот сектор. Пријавите се однесуваа за незаконски откази, незаконски откажувања на договорите за вработување и договори од еден ден односно принуда од страна на работодавачите кон работниците за да потпишат анекс за договрите за вработување од неопределено на определено работно време од само еден ден. Со што резултираше дека многу работнички останаа без работа меѓутоа и не им беше исплатена опремнината и испратнина која им следува.“ – изваји Ампева
Вели дека и во 21 ввек се соочуваме со доцнење на неколку месечни плати, немање на здравствено и социјално осигурување, откази за време на боледување и повеќе затворени фирми. Вели дека начинот на кои што ги отпуштале работниците од работа, кои работеле повеќе од дваесет години е нечовечно.
„Околу 26 судски постапки за овој период и мониториравме три случаи од кои што два случаи беа за повреда која резултирала со смрт на работно место и дополнително случајот кој што го споменавте каде се работеше за поголем број на работници. Мислам дека не треба да фиункционира така правдата во една држава, да гледаме дека има некое поместивање меѓутоа така не треба да биде во една првна држава, не сметам дека ние како граѓанска организација со вас медиумите ќе ја бараме правдата медиумски и да правиме притисок врз судството.“ – додава Ампева
Ампева вели дека и дел од тие постапки доколку не ги мониториравме ќе паднеа врз штета на работниците. Новата бројка покажува дека работничките не се плашат да пријават и да побараат правна помош и смаите пријави кои ги прават до трудовиот испекотрат.
Лаура Стојанова М-Нет