
100 години синдикално движење во Штип е монографијата на професор доктор Андон Мајхошев и професор доктор Оливер Цацков, која излезе од печат. Книгата опфаќа три периоди кои се разработени и синдикалното движење целокупно од периодот пред првата светска војна се до периодот на транзицијата. Мајхошев посочува дека оваа книга преставува огромно задоволство, бидејќи е издадена токму во периодот кога се одбележуваат 100 години од првиот штрајк во Штип.
„Токму во предвечерието на 1 мај успеавме да ја издадеме оваа книга што посебно ни преставува задоволство. Опфаќа три периоди, периодот после првата светска војна, периодот од 1945 до 1990 период на социјализмот и периодот на транзицијата.“ – вели Мајхошев.
Историски гледано работниците биле повеќе заштитени и имале повисоки работни права во однос на денешните права. Златното време на синдикализмот во Штип и во Македонија бил периодот на социјализмот.
„Токму деновиве се одбележува 100 години од првиот штрајк во Штип, што беше и лајв мотивот за издавање на оваа монографија. Најзначајниот дел во книгата е оној по 90 години кога се рушеше еден период и се градеше нов. Тогаш илјадници синдикални работници ги изгубија своите синдикални права“ – вели Цацков.
Во моментот во Штип има околу 25 синдикални организации, претежно во јавниот сектор и околу 2450 синдиклани членови.
Лаура Стојанова М-Нет