
Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа денес го имаше своето деби на Вимблдон што претставува нејзин најголем успех во кариера. Откако тенисерката од Тетово имаше три победи во квалификациите и стигна до пласман за првпат на престижниот Вимблдон, немаше многу среќа во ждрепката и за противник ја доби ланската финалистка Аманда Анисимова, од која загуби со 2-0 во сетови.
Сепак, Ѓорческа одлична солиден меч и имаше можност да направи изненадување против Анисимова, која ја имаше улогата на фаворит, кој ја оправда. Првиот сет Американката го доби со 6-3, а вторит сет со 6-2, за 61 минута игра.
Во првиот сет Американката Аминда Анисимова единствениот брејк го направи во четвртиот гем кога поведе со 3:1 во гемови и предноста ја зачува до крајот на сетот, а во вториот сет имаше два брејка во третиот и петтиот гем, а потоа имаше и водство од 5:1 во сетот со што ја најави победата. Ѓорческа на свој сервис во седмиот гем успеа да спаси и една меч топка.
Дефинитивно денешиниот ден е историски за македонскиот тенис, но и за нашата Лина.
Александар Ванев, М-Нет