Алкохол зад волан и возење со забрана – приведени возачи во Кочани, Пробиштип и Радовиш

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на државата лишиле од слобода вкупно 18 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, а меѓу нив има и случаи од Кочани, Пробиштип и Радовиш.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, шест лица биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол, при што по еден возач бил приведен во Кочани, Пробиштип, Радовиш, Скопје, Велес и тетовско.
Дополнително, во Кочани бил лишен од слобода и возач кој управувал моторно возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување.
Во рамки на акцијата, 11 лица биле затекнати како управуваат возила без возачка дозвола, од кои пет во Скопје, три во Гостивар и по едно лице во Тетово, Кичево и Прилеп.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави против сторителите.
Воедно, од полицијата упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена забрана за управување или се под дејство на алкохол, со цел да се придонесе за поголема безбедност на патиштата.