Активности на штипските јавни претпријатија

Во текот на денешниот ден ЈП „Исар“ и ЈП „Стипион 2011“ ќе реализираат повеќе активности, кои се одредени со нивните планови и програми.

Вработените во ЈП „Стипион“ 2011 ќе реконструираат тротоар на Ул. „Џемал Бједиќ“, ќе поставуваат банкини на улици во Три Чешми, ќе вршат замена на улични светилки и обележуваат хоризонтална линија на повеќе локации.

Од ЈП „Исар“ имаат предвидено санирање на дефекти на водоводна линија на улица „Личка“ и во Сењак 4, а на Ул. „Широк Дол“ ќе работат на монтажа на нова фекална канализација. На улиците „Мирче Ацев“, „Митко Недев“ и „Кукуш“ ќе се врши санирање на површини.

Од РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе бидат ангажирани на поставување системи за наводнување во коритото на река Отиња и во жардињерите покрај плоштад „Слобода“.

Косење на трева ќе се реализира во населбите Железничка, 8 Ноември, Бул. Партизанска, паркот спроти ЕВН, на детското игралиште во населбата Три Чешми и низ село Лакавица.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет