Академија Пандев загуби од украинска Зорија

Академија Пандев во моментот е на подготовки во Анталија каде преку пријателски натпревари ја темпира формата за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.

„Четата“ на Александар Васоски беше поразена од украинска Зорија со резултат од 2:0.

Во неизвесната пролет, Академија Пандев ќе брка директен и сигурен опстанок во фудбалската елита на Македонија.