
На 12.03.2022 во 10.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Кочани, во близина од исклучок за Кочани, патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(48) од Скопје излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот О.Ш.(49) од Скопје, а со телесни повреди се здобила М.Ш., констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.