Џорлев и Троицки ги добија најзначајните награди по повод 8 Ноември во Штип, доделени признанија и на останатите заслужни граѓани

Свечено доделени признанијата и наградите на овогодинешните добитници по повод 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Штип. Истите беа врачени од градоначалникот Иван Јорданов на денешната свечена седница на Советот. Главната „8-ноемвриска награда“ ја доби светскиот шампион во карате Марко Џорлев, а Стојан Троицки беше награден за животно дело. Општински признанија за својот труд и придонес за Штип примија и Дора Милева, Доброволното противпожарно друштво, групата „Гердан“, Тони Манев и Игор Илиевски.

,,Нашата мисија е да го продолжиме патот на изградба и напредок. Интензивно работиме на инфраструктурата, асфалтирање на улици, обновување на водоводна, канализациона мрежа, изградба на нови паркови, мостови, вложување во спортот, културата, образованието. Но сето тоа нема да има смисла ако не е во служба на граѓаните. Затоа денес 82 години подоцна нашата должност како генерација е да продолжиме да го градиме нашиот град Штип, со иста љубов и решителност што ја имале тие. што ни ја подарија слободата. Денес кога ги оддаваме признанијата на оние што со својата работа, креативнсот, посветеност, оставиле белег на нашиот град, сакам искрено да и честитам.”, рече Јорданов

Особено радосен од настанот беше младиот Џорлев, кој пред медиумите не го криеше своето задоволство и кажа дека оваа награда му е огромна чест и мотив за понатаму. Исто и Троицки вели дека се чувствува убаво бидејќи со ова признание градот конечно му се оддолжува за сиот негов труд и маки низ годините.

,,Благодарам на Општина Штип и градоначалникот Иван Јорданов за укажаната чест. Ова е за мене многу голема чест, бидејки знаете дека имам само 15 години, станав веќе шведски шампион, а да се добие оваа најпрестижна општинска награда е навистина многу голема чест. Да бидам искрен дознав од фејсбук кгоа беше објавена информацијата. Прво многу се израдував, а потоа се изненадив и се запрашав дали јас токму на 15 години ја заслужувам оваа награда. Во иднина нормално продолжуваме. Оваа награда за мене е поттик и мотив да продолжам уште понапредно и со Господ напред да ја израдувам Македонија и градот Штип.”, вели Џорлев

,,Чувствувам се добро, што еве од кога градот на еден начин ми се одолжува. Беше многу голема работа, труд, патувања,маки, разговори, кавги и т.н., но сега кога гледам од погледот на тоа дека сум пензионер ми доага убаво. Вероватно сега им е полесно од технолошка гледна точка, но идејно заостануваат, тоа го тврдам јас. Идејата за Макфест дојде спонтано, бидејки во Макеоднија не постоеја фестивали. Скопскиот фестивал беше загаснат, па така спонтано дојде до идејата, како притисок на креативните потенцијали во Македонија.”, кажа Троицки

Задоволство за добиените признанија изразија и останатите добитници, кои порачаа дека наградите од својот град за нив имаат посебно значење и се големо признание за нивниот труд.

,,За мене оваа награда има посебно значење, затоа што доага од Општина Штип и таа ги препозна нашите загања и трененизи.”, кажа Манев

Со оваа свечена седница, Штип го заврши овогодинешното одбележување на Денот на ослободувањето на градот.

Иван Митев, М-Нет