Ќе се урбанизираат неразвиените делови од Штип, Јорданов дециден оти има интерес за домување од соседните градови

Ќе се урбанизираат одредени делови во Штип кои досега не биле развиени, со што градот во следните години плански ќе се проширува и развива. Како што рече градоначалникот Иван Јорданов, Штип во годините пред нас ќе биде вистински регионален центар. Ваквиот развој е очекуван, бидејќи интересот на граѓаните од околните градови е да живеат во Штип.

,,Штип во годините кои што следуваат ќе се проширува, ќе се гради, а ние го планираме идниот развој на нашиот град, затоа што ваквите инфраструктури капитални проекти овмзожуваат да имаме урбанизација во одредени делови од градот, кои досега не биле урбанизирани. Јас верувам дека тоа кое што се посакува, дека со годините кои што следуваат Штип ќе прерасне во вистински регионален центар, затоа што интересот на околните градови е да домуваат во Штип, на жителите на колните градови, така да ова се чекори кои ќе придонесат за подобрување на инфрастурктурата и можност за водоснабдување на нови населби на веќе постоечки станбени капацитети кои ги имаме околку овој резервоар.“, вели Јорданов

Кога е во прашање буџетот за 2027 година, градоначалникот Иван Јорданов најави дека во следниот период ќе ги посети сите населени места, каде на средби со граѓаните заеднички ќе се одредуваат приоритетите за нови улици и капитални проекти.

,,Продолжуваме со активности на повеќе делови од нашиот град, секако во согласност со временските прилики. Очекуваме дека дел од активнсотите кои се преземаат да се финишираат и така да ги ставаме во употреба и функција, проекти кои веќе се работат. За буџетот за 2027 година морам да напоменам дека во следнито период ке ги обиколиме и посетиме сите населени места, урбани заедници. Еве ги информирам граганите дека во перидоот кои што следи ке бидат информирани за време и место на одржување на средби, на кои што ќе ги добиеме потребите и информациите од терен, за тоа што во 2027 година треба да биде прироритет за Општина Штип, кои улици, кои инфраструктуни проекти се потреба и така да го формираме новиот буџет за 2027 година со уште повеќе капитални проекти, работа и урбанизирање на нашиот град.“, рече Јорданов

Со новиот буџет за 2027 година, Општина Штип најавува уште повеќе капитални проекти, работа на терен и понатамошно урбанизирање на градот.

Иван Митев, М-Нет