
Во следната година ќе се реконструира гимназијата Славчо Стојменски во Штип со финансии од МОН и локалната самоуправа. Ова беше дел од темите на кои се разговараше на денешната посета на миностерството за образование и наука заедно со општината и училиштето. Министерката Весна Јаневска за медиумите вели дека Штип е центар на исокот и е значајно тој да се развива и да прераснува во се поголем центар. Додава дека едносменската настава во праксата се покажала како одлична, а за тоа беа едногласни и учениците во самото училиште.
“Штип е центар на источниот регион многу е значајно за државата тој да се развива и да прераснува во се поголем и поголем центар. Образованието секако има удел во тоа делување, па денес сум тука да ги чуам резултатите од промените , кои се случија оваа година односно училиштето премина во едносменска настава и како што разбрав од директорката на општо задоволство промената е одлична. Бидејќи ова е централна гимназија, планираме идната година да пристапиме со одредени реконструкции на училиштето со дел на МОН и дел на градоначалникот. Значајно е и често сум во Штип поради силната проактивност која ја покажува градоначалникот и во областа на образованието.“, додава Јаневска
Дека средбата е исклучително важна согласна е и директорката на училуштето Весна Ристова, која додатно вели дека со ваквата средба воспитниот процез во училиштето ќе биде насочен во позитивна насока.
“Оваа средба е исклучително важна за нашето училиште и со продолжувањата во воспитниот процес во позитивна насока. Именно се разговараше за претстојните проекти кои што ги планира министерството за образование и локалната самоуправа на наше општо задоволство соработката ње исклучителна.“
Особена благодарност истакна градоначалникот Иван Јорданов, кој додатно вели дека благодарние на министерството ќе се случуваат промени во периодов кои што ќе следи.
“Најпрво дозволете ми да го поздравам честото присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска, која што и денес е во Штип во СОУ Гимназијата „Славчо Стојменски“. Овде заедно со директорката разговаравме на теми поврзани со состојбите во ова средно општинско училиште, но и воопшто за образованието за одредени потреби и промени кои што во периодот кој што следи ќе се случуваат благодарение на политкте преку министерството за образование. Ние како локална самоуправа навистина ја користам оваа прилика за да се заблагодарам за одличната соработка.“, истакна Јорданов
Инаку, на самата средба се разговараше за понатамошни реализации за самото училиште, се со цел учениците имаат соодветни услови за учење и образување. Посетите во Штип се важни за центарот на истокот биде се по добар, а истоте се должат на силната порактивност од страна на градоначалникот Јорданов, како што и вели министерката Јаневска.
Лаура Стојанова, М-Нет