Ќе се прска против комарци во Штип

Утре, осми јули – среда, на територијата на општината Штип ќе спроведе тереистичка дезинсекција за уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од два до седум часот со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип,  подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети.

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.