
Во следниве неколку денови се очекува Општина Штип да распише повик за склучување договор со нов оператор за заловување на кучиња скитници. Ова следи откако договорот со претходниот е прекинат, а стационарот веќе подолго време не работи поради немање соодветни услови, односно бидејчи нема водоводна линија. Од Локална самоуправа истакнаа дека се работи на решавање на долгогодишниот проблем со кучињата скитници кои преставуваат опасност за пешаците и возачите, но и за нивно хумано третирање.
„Во следна фаза, во следниве неколку денови ние како Општина Штип ќе распишеме повик за склучување на договор со нов оператор, кој што во договорот ќе вклучува можност за вдомување на заловените кучиња, со приватен стационар. Практично стационарот кој што Општина Штип го има изградено во минатото, нема да може да биде ставен во функција, заради немањето на водоводна линија до тој дел од градот.“ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип.
Дополнително на ова, Јорданов истакна дека се размислува за решавање и на овој проблем и на регонално ниво, во согласносност со Источно планскиот регион.
„ Овие совети на Источно плански регион, ќе ги искористиме максимално за да ги решаваме и да најдеме решение за решавање на проблемите, вклучувајќи ги овде и кучињата скитници, којшто се долгогодишен проблем на сите општини. Ние мораме да гарантираме заштита на населението, но исто така и во меѓувреме и хуман третман за кучињата скитници.“додаде Јорданов.
Стационарот во Штип не работи подолго време. Претходно за кучињата сктници се грижеше Ветеринарната станица Штип, додека договорот да биде преинат. Меѓутоа, ос страна на здружението за Заштита на животните Живот Штип, неколку пати реагираа дека дека кучиња се донесуваат од други градови и истите се наоѓаат по улиците во градот под Исарот. Од таму исто апелираат овој проблем да биде што е можно по брзо решен.
Ребека Спасова МНет