
Ќе се искорени ли старата штипска навика со притискањето на производите пред да се купат? Производителите од штипско и струмичко, се жалат дека купувачи ги стискаат доматите и другите меки земјоделски производи за да ја проверат нивната свежина, а потоа си заминуваат без да купат. Велат дека по ваквото однесување дел од робата останува оштетена и непродадена. Најголеми штети, според нив има во петок кога пазарот е полн. Наместо заработка од својот труд, земјоделците велат дека дел од производите завршуваат во отпад.
Повозрасните производители, дури од струмичко велат дека во овие тешки времиња, мака мачат со производството, за да заработат нешто плус за да преживеат. Ниските пензии велат, не се доволни за живот, па затоа се трудат да преживеат, но овој злочин по пазарите, ги вади од памет.
Дали оваа навика останува врежана од постарите генерации или е само тест проба пред да се купи, остнаува прашање на кое секој треба да се запрша. Земјоделците се децидни оти се претерува.
Иван Митев, М-Нет