
По жалбите од граѓаните за лошата состојба во која се наоѓа шеталиштето, пешачката патека покрај коритото на река Отиња, заради разни градежни ангажмани, конечно почна постепено нејзино враќање во нормала. Со изградбата на Б платформата и прекинот на патеката, по која граѓаните мораа да бараат нов алтернативен начин за минување, надлежните се фатија за работа. Николов пред неполн месец изјави дека ќе се работи на уредување на патеката и истата ќе се варти во првобитна состојба, со што граѓаните слободно ќе можат да пешачат, да ги шетаат своите миленичиња и да уживаат во слободното време.
Од пред неколку дена сведоци сме на изградбата на нови скалила, од двете страни на патеката покрај река Отиња. Во писмена изјава за М-Нет телевизија градоначалникот Николов истакна:
„Скалите се изработуваат со средства предвидени од програмата за градежно и партнерно уредување. Со самата изградба на скалите ја враќаме улогата на шеталиштето и неговото непречено користење.“
Претходно, оваа пешачка патека беше прекината зарди изградбата на паркинг платформата, и со тоа граѓаните кога доаѓаа до ова место мораа да се враќаат назад бидејќи немаше простор за минување ниту скали за качување. Единствената импровизација беа дрвените скали кои сега се заменуваат со нови модерни скали како што заслужуваат штипјани и градот под Исарот.
Лаура Стојанова М-Нет