
Околу 40 ученика за првпат ќе седнат во училишните клупи во Општина Карбинци. Во девете подрачни училишта и централното училиште во Карбинци постојано изминатиот период се инвестираше за подобрување на условите и за учениците и за наставниците. Се изгради ново училиште во Таринци, се работеше на училиштетот во Крупиште, а наредниот месец треба да започнат активностите за реконструкција на училишната зграда во село Радање.
„И оваа година е буквално идентична со бројот на запишани дечиња во прво одделение. Запишани се околу 40 деца. Општина Карбинци има девет подрачни училишта и во секое од нив општината вложуваше за подобрување на условите за настава. Изградивме ново училиште во Таринци“ – вели Паунов.
На територија на Општина Карбинци дел од подрчаните училишта се уште се греат на дрва. Како што посочи Пуанов се прават напори да се промени начинот на затоплување на училниците, односно да се греат на клима уреди.
„Тоа се оние училишта во селата Парналија, Кучица, Калузлија и во село Оџалија. Но веќе и таму разговаравме за опција која ќе биде избор на самото училиште односно греење на клима уреди“ – додава Паунов.
Бројот на запишани првачиња оваа година е речиси идентичен како и претходната, а општината дополнително и помага на првачиња со самиот почеток на новата учебна година.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет