
Пред почетокот на летото Штип сеуште нема ниту отворен ниту затворен базен. Најавите дека градот под Исарот ќе има базен и од двата тип за ова лето се под знак прашалник дали ќе бидат реализирани. Затворениот базен кои требаше да биде завршен до август месец сеуште не е во неговата завршна фаза. Првиот човек на Штип, Сашко Николов во гостувањето на М-Нет телевизија истакна дека проблеми имало со компанијата која треба да ги постави конструкциите за затворање на базенот, но според него оправдано е со оглед на фактот дека годината која измина ја поминавме во пандемија.
Затворениот базен во Општина Штип треба да биде комплетно завршен под ингеренции од Агенцијата за млади и спорт. Зошто неговото целосно комплетирање е стопирани и кога е предвидено да биде завршен ги прашавме и од Агенцијата за млади и спорт, но засега без повратен одговор од таму. Во меѓувреме дел од општините во Источниот дел од државата, како Кочани, Виница, Пробиштип, Делчево и Македонска Каменица имаат базен. Без базен се Берово и Пехчево, за сега и Штип.
Лаура Стојанова М-Нет