Љубица Соколовска кандидат за градоначалник на Карбинци од СДСМ

СДСМ вечерва објави нови 11 кандидати за градоначалници. Љубица Соколовска, актуелен член на извршниот одбор на СДСМ Карбинци е кандидат за градоначалник на Општина Карбинци. Исто така, таа е заменик претседател на форумот на жени на ОО СДСМ Карбинци.

Од Истокот денеска беше објавено дека во општина Пехчево кандидат за градоначалник ќе биде Златко Николовски, член на Централниот одбор.

Пред две недели беа објавени 19 кандидидати за градоначалници.