ЈП „Стипион“ во првиот квартал од оваа година бележи добивка од над 700 илјади денари

ЈП „Стипион“ во првиот квартал од оваа тековна година бележи добивка од над 700 илјади денари. На денешната 62. седница на Советот на Општина Штип беше посочено во кои делови се добивките кои ги бележи ЈП „Стипион“.

„Според извештајот од кварталите можам да кажам дека ЈП Стипион за првиот квартал е со позитивен финансиски исход и тоа од 734 458 денари“ – вели Нушкова-Крстев.

Добивка претпријатието бележи во делот на уредување на градежно земјиште, оджување на улици и патишта во летни и зимски услови, од паркирање, како и од градскиот линиски превоз, однонсо превоз на патници и ученици во Штип и Карбинци.

„Деталниот извештај на ЈП Стипион во периодот од 1.1.2025 до 31.3.2025 година во делот на уредување на градежно земјиште изнесува 4.770.977 денари, во делот на локални патишта и улици изнесува 8.460.368 денари, а за одржување на улици во зимски услови изнесува 3.432.406 денари“ – вели Нушкова-Крстев.

Позитивниот финансиски исход се должи на совесно и одговорно работење на претпријатието велат од таму.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет