
ЈП Исар денеска го исчисти ѓубрето што несовесни станари го оставија пред влез на зграда во центарот на Штип. Денеска, како што известивме расфрлан градежен шут пред станбена зграда на улицата Христија Карпош во Штип предизвика реакции од соседите. На само неколку чекори од фреквентна улица и тротоар по кој секојдневно поминуваат граѓани, се среќава токму оваа слика, која подолг период ги вознемирува станарите, но и секојдневните минувачи оттаму. Револтирано испратија фотографии до нашата телевизија, на кои се гледа мини депонијата. Според нив, отпадот бил оставен од еден од станарите, но и покрај реакциите од соседите, истиот не се отстранува со денови и го загрозува здравјето на граѓаните.

