
Со цвеќе и скромен подарок, градоначалникот на Ооптшина Штип, Иван Јорданов ја посети неговата класана наставничка и и го честита Денот на жената.
По повеќе од 20 години, Јорданов со прекрасен гест и се забалгодари на жената која го трасирала неговиот пат во животот. Огромно благодарам упати до неговата наставничка, втора мајка, жената која нему и на многу други генерации и го покажа вистинскиот пат и ги научи да се ценат како луѓе, а не по титули.
„Посебно е задоволството и чувството, навистина позитивни емоции, да на ваков ден се посети мојата класна наставничка која го има трасирано мојот пат во животот, но и патот на многу генерации кои на свој начин денес придонесуваат во општеството, во развојот на нашиот град и на нашата држава. Навистина должиме едно големо благодарам до луѓето, до жената која го има трасирано нашиот пат, на овој ден да се заблагодариме на жената која директно овозможува да се развива нашиот град“ – вели Јорданов.
Задоволството беше взаемно, а возбуденоста не ја сокри и пресреќната наставничка Грозданка Мешинковска. Нејзините зборови од основно останале длабок врежани кај секој еден ученик, па дружбата продолжува и денеска, а со тоа се докажува дека наставничката добро ја завршила својата работа, па сега спокојно ужива во пензионерските денови.
„Ние се среќаваме вака на улица, се поздравуваме, но мило ми е што сум успеала, дека во секој ученик треба да се гледа пред се човек, тоа беше моето најголемо воспитување“ – вели Мешинковска.
Сите прсти на рацете се различни, различни се и сите ученици, важно е да остане дружењето и почитувањето – на ова мото на наставничката Мешинковска ученците се потсетуваат и денеска, со што потрврдуваат дека вредело времето поминато во училишните клупи.
Лаура Стојанова М-Нет