Јорданов: Во населбата Света Недела ќе продолжиме онаму каде што застана Илчо Захариев!

Проектите на претходниот градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Илчо Захариев – фокус на денешната средба со граѓаните во населба Света Недела. Кандидатот за градоначалник, Иван Јорданов, потенцираше дека во населбата ќе продолжат онаму каде што застанал Захариев.

„Вечерва сме во населбата Света Недела, населбата којашто е комплетно заборавена овие четири години. Нешто коешто беше направено од претходниот градоначалник, Илчо Захариев, не успеваат да го одржуваат, а камоли да направат некој проект, некоја улица, улично осветлување или, пак, детски содржини каде што жителите од оваа населба ќе можат да го поминат слободното време. Затоа промените, коишто ќе се случат на 17 октомври, ќе значат продолжување на претходните проекти на претходниот градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ, Илчо Захариев, којшто ги направи за жителите од оваа населба. Тоа се нови улици, побрување на уличното осветлување, подобрување на безбедноста на жителите од оваа населба, како и други инфраструктурни проекти коишто ги нудиме во нашата изборна програма, а ќе ги презентираме на жителите од оваа населба“, истакна Јорданов.

Караванот на ВМРО – ДПМНЕ ја побара поддршката од граѓаните во оваа населба, со цел заеднички да ја донесат новата иднина за Штип.

Ребека Спасова МНет