Јорданов: Во наредните две години нема да остане улица и крак во Штип кои нема да бидат асфалтирани

Започна асфалтирањето на улицата Пиринска во централното градско подрачје во Штип. Дополнително уште неколу улици ќе добијат асфалт откако претходно се работеше на промена на водоводната линија, а започнаа и активностите за уредување на тротоарските површини на улицици Партизанска и Лески.

„Овде освен улицата Пиринска ќе бидат изасфалтирани и улицата Карл Маркс, Добре Радосављев, 19 бригада кои во изминатиот период беа третирани со замена на старата структура односно на водоводната линија. Освен овие улици може да забележете дека во неколку населби од нашиот град се врши уредување, асфалтирање, поставување на павер елементи“ – вели Јорданов.

Во наредните денови ќе започне промената на подземната инфраструктура на улицата Охридска и на краците од оваа улица, а ќе биде асфалтиран и крак од улицата Ванчо Прќе. Градоначалникот Јорданов тврди дека до крајот на неговиот мандат сите улици и краци на територија на Штип ќе бидат асфалтирани.

„Можеби ќе бидат субјективен но во една ваква криза и во една ваква околност во која работиме имајќи во предвид дека бевме присилно натерани да враќаме кредит и каматни стапки од некои минати времиња ккон министерството за финасии, имаме целосно кочење од централната власт ние успеваме да покажеме активност. Јас сум убеден дека во наредните две години до крајот на мојот мандат со оваа динамика ќе бидат реконструиранис ите улици и краци на територија на Штип“ – дпдава Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов посочи дека продолжуваат со посилна динамика до крајот на годината. Дециден е дека потребите на граѓаните се реални и дека се работи на нивно решавање.

Лаура Стојанова М-Нет