Мерење шеќер во крвата и крвен притисок во Штип по повод Денот за борба против дијабетес

Со мерење на шеќер во крвата и крвен притисок на случајни минувачи денеска во Штип се одбележа Светскиот ден за борба против дијабетесот. Иницијативата е на студентите по медицина при УГД во соработка со невладини организации. Целта на акцијата е да се подигне свеста кај граѓаните за превенција и контрола на дијабетесот.

„По повод светскиот ден за борба против дијабестесот овде по иницијатива на студентите од факултетот за медицински науки при УГД организираме бесплатно мерење на шеќер во крвта и на крвен притисок на случајни минувачи и граѓани, со цел да ја подигнеме свеста за превенција и контрола на дијабетесот. Имавме и тим кои мереше шеќер во крвата во текстилни конфекции“ – вели Жежова.

Граѓаните пред се повозрасните се задоволни од ваквите акции кои се спроведуваат во Штип. Велат на ваков начин вршат контрола и водат поголема грижа за сопственото здравје, без притоа да трошат дополнително време и пари.

Акцијата која започна од утринава е задоволителна, а иста ваква акција е спроведена и во Скопје.

Последните анализи покажуваат дека еден од десет возрасни луѓе имаат дијабетес, а над 90% од граѓаните имаат дијабетес тип 2.

Лаура Стојанова М-Нет