
Јордан Поп Јорданов е носител на орденот Свети Никола, кој се доделува традиционално во Штип. Поп Јорданов е македонски и светски познатјадрен физичар. Завршил гимназија во Штип, дипломирал филозофија во Скопје и електротехника во Белград, а докторирал на отсекот за техничка физика во Белград. Автор е на универзитетски учебиници во државата и странство, а објавил и околу 300 научни трудови.
Покрај Орденот „Свети Никола“ ќе се доделат и четири признанија „“Свети Никола“ по повод 19 декември, партон празникот на градот Штип.
Настаните за чествување на овој ден започнуваат на 18 декември со презентација на ликот и делото на Поп Јорданов, како и изложба која ќе се реализира во холот пред Салата на совет во Општина Штип.
Потоа е предвидена литургија во храмот Свети Никола, како и свечена академија по што ќе следува доделувањето на одреднот и признијата Свети Никола.
На самиот ден, 19 декември, во храмот Свети Никола ќе се одржи утринска свечена литургија, а потоа литија до шеталиштетот Ванчо Прќе каде и ќе се скрши славскиот колач.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет