Јован Попзлатанов се врати во Македонија ЃП

Македонија Ѓорче Петров го претстави Јован Попзлатанов како најново засилување во зимскиот трансфер период. 26-годишниот крилен играч е повратник меѓу „лавовите“, откако по само осум месеци се раздели со второлигашот Вардар и се враќа во Првата македонска фудбалска лига.

Попзлатанов го носеше дресот на Македонија ЃП во сезона 2021/2022 и ќе биде големо освежување за пролетниот дел.

Претходно, „лавовите“ се засилија со Драган Стојков и бразилскито бек Андреј Јаго. Македонија Ѓорче Петров веќе една недела е на подготовки во Анталија, Турција, а таму загуби од Берое и ремизираше со ЦСКА Софија.