
Пронајдени неправилности кај неколку универзитети, во Штип една контрола. Министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешна посета истакна дека државниот просветен инспекторат постојано работи и по сите пријави кои што стигнуваат се утвредни одредени регуларнсти. Додава дека се постапува со наплата на казни на рецензенски комисии, декани и ректори.
„Постојано работи државната Просветна инспекција по сите пријави што стигнуваат до нас и да утврдени се одредени регуларности, кај некој универзитети. Постапивме и со наплата на казни на рецензенски комисии, декани и ректори, во Штип исто така имаше една контрола, го чекаме извештајот, но битно е дека сите универзитети без исклучок ќе го поминат овој процес и секаде каде што ќе бидат завршени процесите јавно транспарентно ќе бидат објавени резултатите.”, вели Јаневска
Покрај во универзитетите, неправилности се пронајдени и во институти, по што два од нив се веќе затворени, а во моментот се продолжува за уште три, додава Јаневска
“Има најдено неправилности и не само во универзитети и во институти. Процесот на затворање на два институти е комплетно заврше. Во моментот продолжува најверојатно упте три, но и тоа треба да заврши и ќе добиете информација.”, истакна Јаневска
Инаку, ваквата контрола е со цел да се спречат неправилностите во образовниот систем, со основната идеја да не се дојде до нарушување на правилата. Она што дополнително ќе се работи е наплата на казни за нарушените правила, се со цел поголема одговорност.
Лаура Стојанова, М-Нет