Јаневска: Второто полугодие започнува навремено, родителите да не ги задржуваат децата дома

Второто полугодие од учебната година во сите училишта ќе започне навремено, на 20 јануари учениците се враќаат во училишните клупи – потврди министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска од Штип. Пречки за нормален почеток на второто полугодие нема – вели таа.

„Да, сите училишта ќе почнат на времено со новата училишна година затоа што вчера веќе имавме од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје дека нема да има пречки за почеток на новата учебна година.“ – вели Јаневска.

Дополнително апелираше до родителите да не ги задржуваат учениците дома, особено не ако треба да се оди на одмор. Праксата покажува дека децата имаат подобри резултати ако се следи насатва од првиот до последниот училишен ден.

„Апелирам до родителите, учениците да се редовно во училиште и што е можно поретко да изостануваат затоа што сите испитувања и во Македонија и секаде во светот велат дека учениците кои редовно ги посетуваат училиштата постигнуваат подобри резултати. Апелирам да престанат со праксата да не им дозволуваат на децата да одат на училиште тогаш кога треба да се оди со прифатливи цени на одмор. Тоа треба да се заборави и треба да се оди на училиште од првиот до последниот ден.“ – додава Јаневска.

Училиштата подготвени ги очекуваат децата да се вратат во училишните клупи со што од вторник ќе започне второто полугодие.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет