Ѕвездено небо на плоштадот во Штип за жртвите од пожарот во дискотеката Пулс

На 16 септември кога навршуваат шест месеци од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 62 млади, а помеѓу нив беа и пет млади штипјани, на Градскиот плоштад во Штип ќе се запалат свеќи и ќе се направи ѕвездено небо во нивна чест. Во објавата на социјалните мрежи стои:

” … Да им испратиме порака, да им испратиме светлина за да видат дека не се заборавени!
Штип не заборава! Кочани, заедно сме со вас!
20 ч. – палење свеќи во чест на сите починати на градскиот плоштад;
20.30 ч. – ѕвездено небо како порака дека светлината постои и во најмрачните денови.
Да се обединиме сите во чест на нашите ангели и сите заедно да ги вклучиме светилките од мобилните телефони!”