
В недела ќе се одиграат натпреварите од 10. коло од Првата македонска фудбалска лига, а веќе се познати судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите.
Крумислав Ѓоргиев од Штип ќе им суди на шампионот Струга Трим Лум и Силекс, Димитар Пилешков, исто така од Штип, го доби дербито на колото меѓу Работнички и Гостивар.
Игор Иванов од Велес ќе им суди на Тиквеш и Шкендија, натпревар кој се игра во Штип, Јован Качевски од Струга ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Беса и Вардар, Александар Грујоски од Кичево ќе им суди на Брера и Воска, а пак Стојанче Трпчевски ќе им суди на Пелистер и Шкупи во Битола.
Натпреварите ќе започнат во 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет