Ѓоргиев ќе им суди на Победа и Башкими, Смоквоски на Осогово и Македонија ЃП, Качевски во Неготино

ФОТО: Телевизија М Нет

Утре на програмата ќе бидат натпреварите од 22. коло на Втората македонска фудбалска лига, кои ќе започнат во 15 часот, а познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум натпревари.

Јован Качевски ќе биде главен судија на мечот меѓу Вардар Неготинот и Детонит Плачковица, Дарко Стојчевси ќе биде главен арбитар на мечот меѓу Кожуф и Брегалница, Дарко Котевски ќе ја дели правдата меѓу Скопје и Борец во Автокоманда.

Кирил Смоквоски ќе биде главен судија во Кочани каде ќе играат Осогово и Македонија ЃП, Иле Никодиноски ќе им суди на Вардарски и Арсими. Нинослав Нанков го доби мечот меѓу Каменица Саса и Беласица.

Главен судија на натпреварот меѓу Новаци и Охрид ќе биде Бардхиљ Ибраими, а пак Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Победа и Башкими во Прилеп.

Александар Ванев, М-Нет