
Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига. Познати се судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на натпреварите од претпоследното есенско коло, а кои ќе стартуваат во 13 часот.
Игор Иванов ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Вардар и Тиквеш, каде и двете екипи сакаат триумф и бегство од дното на табелата, Марјан Младеновски го доби дербито на водечките Гостивар и Силекс.
Јован Качевски ќе им суди на Воска Спорт и Шкендија, меч кој се игра на „Билјанини Извори“ во Охрид. Димитар Пилешков ќе биде главен на Чаир каде ќе играат Шкупи и шампионот Струга Трим Лум.
Александар Ставрев ќе им суди на Пелистер и Беса, а пак Брера Струмица дома ќе игра со Работнички, а правдата на овој меч ќе ја дели Крумислав Ѓоргиев.
Александар Ванев, М-Нет