Шумски полицаец нападнат во Виница

На 08.04.2020 во 18.45 часот во Одделението за внатрешни работи Виница, шумски полицаец пријавил дека на  место  викано „Дива топола“ , при контрола на патничко возило „опел“, без регистарски ознаки, во кое имало огревно дрво, бил физички нападнат од страна на Ф.И. од Виница. Се работи на комплетирање на случајот и против Ф.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.