Што ги очекува екипите во долниот дел од табелата во Втората лига, кога е во прашање опстанокот?

ФОТО: Телевизија М Нет

Пополека влегуваме во финишот на есенската полусезона веќе утре ќе се одиграат натпреварите од 13. коло, а потоа ќе останат уште две кола за да се комплетира есенскиот дел.

Неколку екипи ќе бидат во сериозна борба за опстанок во Втората лига. Вардарски е закован на дното без триумф со само два бода, Борец е претпоследен со пет бодови и всушност овие две екипи се во опасната зона за директно испаѓање.

Тешка борба за опстанок го очекува и Осогово кој е во бараж зоната за опстанок со осум бодови.

Всушност минатата сезона Осогово во последното коло го избори опстанокот, но колку сега овие екипи во долниот дел од табелата ќе се подготвени за опстанок?

„Многу е тешко, можеби ние сме единствена земја каде што на полусезона можеш да земеш пет играчи и да променат нешто во екипата. Пак ќе кажам самата не планска работа на кај клубовите ги носи во ситуација каде што сега се Осогово, Борец, Вардарски и Победа, но и повеќето екипи кои што се со мала бодовна залиха. Не секогаш проблемот е кај играчите, мора да има јасна стратегија и план за работа со клубот“, рече Максимов во гостувањето во спортскиот магазин „Трибина“ на М Нет телевизија.

Оваа сезона борба за сигурен опстанок ќе бара и Вардар Неготино, а тука одново не е сигурена и Победа која лани преку бараж го обезбеди опстанокот.

Утрешното 13-тото коло може да направи мали промени во долниот дел од табелата односно околу бараж зоната.

Александар Ванев, М-Нет