Штипјанката Викторија Варадинова викендот на Државното првенство во кикбокс ќе атакува на 15-та титула Државен првак на Македонија

В недела во Скопје ќе се одржи Државното првенство во кикбокс каде штипјанката Викторија Варадинова која настапува за клубот „Шампион Магнус Тим“ од Скопје ќе атакува на 15-та титула Државен првак на Македонија.

Варадинова која 14 години е без пораз на државно ниво, годинава ќе атакува на 15-тата титула, за што изминатиот период од околу два месеци Варадинова имаше интензивни подготовки со нејзиниот тренер Дејан Митровски – Урко, а за настапот на Варадинова на Државното првенство и помагаше и штипскиот тренер Шенол Асанов.

Варадинова за М Нет телевизија вели дека имала два месеци интензивни подготовки за настапот на Државното првенство во кикбокс, вели дека е подготвена за да ја освои 15-тата титула Државен првак на Македонија.

Варадинова е една од најуспешните во Македонија во овој спорт, таа со кикбоксот започнува на своја девет годишна возраст, со напорна работа и посветеност Варадинова успеа 14 години да биде без пораз на државно ниво, а од 2016 година Варадинова е член на репрезентацијата на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет