
Второлигашот Детонит Плачковица за новата сезона се засили со двајцата штипјани Дарко Михајлов и Дино Михолов.
20-годишниот Михајлов во Радовиш доаѓа од редовите на гевгелиски Кожуф, а десното крило има играно за Каменица Саса, а ги има поминато младинските категории на штипска Брегалница.
19-годишниот Михолов во Детонит Плачковица доаѓа од струмичка Беласица, а младинските погони ги помина во Брегалница.
Новата сезона од ВМФЛ екипата на Детонит Плачковица ја започнува на домашен терен против екипата на Новаци.
Александар Ванев, М-Нет