
Македонија денеска се простува од музичката ѕвезда Владо Јаневски, кој почина по кратко боледување, а денес се одржува неговиот погреб. Со неговото заминување, домашната музичка сцена загуби уметник чии песни оставија траен белег кај повеќе генерации. Граѓаните со тага зборуваат за веста и велат дека ќе го паметат како извонреден пејач, но и како човек кој зад себе остави безвременски хитови. Дел од нив истакнуваат дека неговата смрт е голем шок и дека квалитетни музичари како него има се помалку.
„По многу убавите песни, многу убаво пееше, јас го знам одамна Владо, тоа е. Голем шок, многу голем шок. Има ама не толку многу, квалитетните што беа сите отидоа.“
„Го почитувам човекот“
Децидни се анкетираните граѓани дека Владо Јаневски ќе остане запаметен преку музиката што ја создаде и емоциите што ги пренесуваше со своите песни.
„Епа како добар пејач.“
Штипјани велат дека неговите песни ќе продолжат да живеат. Со последното испраќање, Македонија се простува од еден од најпрепознатливите гласови на својата музичка сцена.
Дајана Сандева, М-Нет