Штипјани со сеќавање се потсетија на празникот на Републиката во бивша Југославија, за нив тоа време е незаменливо

„Спиевме по улици, а минувачите не покриваа“ вака штипјани се сеќаваат за време бивша Југославија. По повод денот на Републиката 29 ноември, празник во бивша Југославија, М-Нет разговараше со граѓаните на Штип, кој едногласно одговорија дека тоа време е нивното најдобро во животот. Велат дека лугето некогаш живееа сложно, братски и еден за друг, ама сега како што велат се обранто.

“Убаво тогај, многу беше, сега не е добро. Па убаво, слободно беше. На улицата спиевме и никој не не вознемируваше.“,велат граѓаните

Друг дел велат дека покрај поубавиот живот, тие имале и многу пријатели, добра плата и поевтини продукти, па остатокот од платите го чувале за одмори, шетања и уживања.

Денот на Републиката – празник во бивша Југославија, кој се славел на 29 ноември.

Лаура Стојанова, М-Нет