Штипјани се подготвуваат за утрешното Коледе, ама велат – децата не доаѓаат како порано

Колачиња, ореви, суво и свежо овошје и по некоја паричка ќе подготват домаќинките за коледарите кои утре ќе затропаат на вратите од нивните домови. Пеејќи песна на радост, од утринските часови ќе ја навестат радосната вест за Христовото раѓање. Граѓаните на Штип велат дека веќе се подготвуваат за изутрина, дел колачињата ги прават сами, друг дел купуваат.

Коледарската традиција не се веќе запазува како од годините наназад, согласни се штипјани. Велат, децата веќе не одат по домовите, сѐ помалку ги има, па дел од бабите и дедовците единствено може да ги очекуваат внуците.

Децата на Бадник изутрина според традицијата одат по домовите, чукаат на вратите и пејат коледарски пести, за тоа домаќините ги наградуваат со колачи, костени, ореви, јаболка и пари. Едното значење е дека тие ги симболизираат ангелите, а пеењето по куќите значи дека веста ќе се прошири насекаде. Другото значење е дека тие се симбол на пастирите, а домовите ја симболизираат пештерата во која е роден Исус Христос.

Ребека Спасова М-Нет