
Во секојдневно возење, еднаш неделно или кога и да имаат потреба, уживаат штипјани во градските автобуси на ЈП Стипион, кои за само 30 денари можат да отидат од едно на друго место во градот. Граѓаните тврдат дека редот и организацијата на линиите се одлични, па често го користат автобусот како нивно секојдневно превозно средство. Дополнително ги радува и фактот што возењето во петочниот пазарниот ден на пензионерите им е бесплатно.
Граѓаните се задоволни што линиите се чести, точни и за малку пари можат да отидат во различни делови на градот, на посета кај најблиските, на работа, на пазарење или едноставно на прошетка. Нивни најчести релации се од населбите Три Чешми и Железничка станица до центарот на градот и назад.
Превозот можат да го користат сите граѓани, а со достапната цена и редовните линии, градскиот автобус за многумина останува практичен избор за секојдневното движење низ Штип.
Ева Тушевска, М-Нет