Штипјани: Платите не го следат растот на цените на горивата

Штипјани со загриженост го следат новото поскапување на горивата, стравувајќи дека цените ќе продолжат да растат и дополнително ќе го оптоварат и онака скромниот семеен буџет. Велат дека автомобилот одамна не е луксуз, туку неопходност – за да се стигне до работното место, да се завршат секојдневните обврски или да се посети семејството. Според нив, цената на горивата е прескапа во однос на македонскиот стандард и платите.

Штипјани додаваат дека горивата веќе се прескапи во однос на животниот стандард и платите во државата, а доколку цените продолжат да растат, стравуваат дека кризата ќе стане уште потешка.

„Горивото, се високи се цените. Високи се овде во Македонија спрема стандардот, спрема плативе. Значи не можеш да функционираш едноставно, потреба е до работа, назад од работа и тоа да.“, велат анкетираните

Најголемиот страв е дека овој тренд нема да запре и дека во наредниот период горивата ќе станат уште поголем товар за граѓаните.

Иван Митев, М-Нет