
Со бројни придобивки за крвта и организмот, природните домашни сокови без бои и додаден шеќер, богати со витамини и минерали, се избор на дел од штипјани. Некои од нив сами ги подготвуваат со апарат, други ги купуваат на пазар, а оние кои имаат можност користат и домашно овошје. Навиката да се консумира природно и здраво се трудат да им ја пренесат и на помладите, со надеж дека и тие ќе продолжат да избираат природни производи.
Оние што подготвуваат домашни сокови, најчесто тоа го прават од овошјето што го имаат во своите дворови и лозја – сливи, праски и грозје, а некои комбинираат и различни плодови, како боровинка, портокал и лимон. На тој начин го задржуваат природниот вкус на овошјето и уживаат во свеж и природен пијалак.
Иако природните сокови не се толку застапени во секојдневието на штипјани, сепак имаат посебен вкус, особено кога се знае дека се 100% природни, без бои и дополнителни засладувачи.
Ева Тушевска, М-Нет