
Штипјанецот Трајан стопати досега има дарувано крв. Започнал од млади години, за денеска на секои три месеци да дарува од скапоцената течност со цел да спаси нечии човечки живот. Неговата крвна група е една од поретките и затоа како што вели тој има потреба да се дарува и да се помогне некому кога му е најпотребно. Дарувањето крв го исполнува внатрешно вели Трајан, и токму затоа неговите планови се да продолжи и во иднина да дарува крв. Дополнително радува фактот што и неговиот син продолжува да ги следи стапките на својот татко.
„Нешто мене што ме исполнува, бидејќи знам дека со секое дарување на крв ќе спасам човечки живот“ – вели Трајан.
Од Трансфузиона медицина Штип потенцират дека расте бројот на крводарители и собррани крвни единици во текот на годината. Затоа редовно се организираат крводарителски акции, но крводарителите имаат можност да даруваат и секојдневно во одделот за трансфузиона медицина. Апелот останува ист секој кој е во можност да дарѕува крв и да помогне да се спаси нечии човечки живот.
Иван Митев, М-Нет